Почна донаторска акција на учесниците во „Шарената револуција“. Тие ќе собираат финансиска помош во скопскиот кафе-бар „Излет“ се до 1 часот по полноќ, за, како што велат, да дадат „поддршка за нивните соброци кои се соочуваат со прекршочни и кривични пријави, за кои режимот подготвува високи казни“.
Кривични пријави полицијата има поднесено против 33 демонстранти – 26 во Битола и 7 во Скопје. Осомничени се дека со боја и тврди предмети ги оштетиле фасадите на зградата на општина Битола, Порта Македонија во Скопје и зградата на Министерството за култура во скопско Дебар Маало.
Се очекува целодневна збава. Музика пушта Диџеј Гоце САФ.
![Набрзо по отварањето на донаторската забава во кафулето пристигнаа и лидерот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на партијата Радмила Шеќеринска (Фото: СДК.МК)](https://sdk.mk//wp-content/uploads/2016/06/zaev-donira.jpg)
Набрзо по отварањето на донаторската забава во кафулето пристигнаа и лидерот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на партијата Радмила Шеќеринска (Фото: СДК.МК)
Организаторите ги повикуваат граѓаните да помогнат во споделување на финансискиот товар со кој, како што велат, режимот сака да ги потисне.
Денеска во Скопје нема да се одржи протест, а ќе се протестира во Струмица, Радовиш, Валандово, Охрид и во Прилеп.