ПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА, ГОДИНАВА ЌЕ ТРАЕ ДО 17 ЈУНИ И ЌЕ ИМА ЕДНА НЕДЕЛА ПРОЛЕТЕН РАСПУСТ

    ПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА, ГОДИНАВА ЌЕ ТРАЕ ДО 17 ЈУНИ И ЌЕ ИМА ЕДНА НЕДЕЛА ПРОЛЕТЕН РАСПУСТВо оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците во трето и во шесто одделение, но учебниците уште не се готови. (Фото: К. Попов)

    За над 200 илјади основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која за првпат ќе заврши на 17 наместо на 10 јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024.

    Согласно Концепцијата за основно образование, која етапно се применува од 2020-та, во оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците во трето и во шесто одделение, но учебниците уште не се готови. Додека се испечатат учебниците на располагање ќе бидат помошни материјали за трето и шесто одделение, кои ги изработи Бирото за развој за образованието,  наменети и за учениците и за наставниците, и достапни во електронска форма на веб-страницата на Бирото.

    Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера соопшти дека доцнење ќе има само на учебниците за  шесто одделение кои се во фаза на одобрување и очекува да бидат испорачани во текот на септември.

    „Учебниците за трето одделение се одобрени и во тек е постапката за печатење и доставување. За сите предмети се одобрени и се во фаза на техничко-графичко регулирање и во печатење. Така што денеска, утре, на почетокот на неделата, тековно ќе се доставуваат. Истото ќе се случи и со учебниците за шесто, кои се во напредна фаза на одобрување од Националната комисија за учебници. Потоа може да има жалбена постапка од одредени автори, но до крајот на септември тие ќе бидат доставени до сите ученици, рече Шаќири вчера на прес-конференцијата по повод новата учебна година.

    Покрај пролетниот распуст и продолжената учебна година, новина е и примената на нов е-дневник, изготвен со поддршка на Европската унија преку ИПА-фондови. Тој е во фаза на тестирање и, како што соопшти Шаќири, паралелно се прават обуки на администрацијата во 40 училишта во кои ќе се примени како пилот-проект додека се потврди неговата функционалност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира