ПОЧНА УНИШТУВАЊЕТО НА 267.000 ДОЗИ ВАКЦИНИ ЗА КОВИД СО ПОМИНАТ РОК НА ДЕПОНИЈАТА „ДРИСЛА“

    ПОЧНА УНИШТУВАЊЕТО НА 267.000 ДОЗИ ВАКЦИНИ ЗА КОВИД СО ПОМИНАТ РОК НА ДЕПОНИЈАТА „ДРИСЛА“Од Министерството за здравство велат дека сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни. (Фото: Министерство за здравство)

    Денеска на депонијата „Дрисла“ се уништени 67 илјади дози вакцини на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и помал дел на „Синофарм“, со изминат рок на употреба, соопшти Министерството за здравство. Уништувањето на вакцините се реализира во неколку фази, почнувајќи од денеска, а ќе продожи и во текот на следната недела кога ќе бидат уништени уште 200 илјади дози.

    „Целата постапка е реализирана во соработка со Институтот за трансфузиологија. Потенцираме дека сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни, a согласно законската процедура вакцините на кои им поминува рокот, најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување, во соработка со МАЛМЕД“, велат од Министерството за здравство.

    Досега во земјава против ковид-19 се вакцинирани 869.763 граѓани или околу 41 отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира