ПОДГОТВЕНИ СМЕ ВО НАЈКУС РОК ДА ГИ ЗАВРШИМЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, КАЖАА СПАСОВСКИ И ДИМИТРОВ

    ПОДГОТВЕНИ СМЕ ВО НАЈКУС РОК ДА ГИ ЗАВРШИМЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, КАЖАА СПАСОВСКИ И ДИМИТРОВОткако вчера Европската комисија ја предаде преговарачката рамка до Европската унија, ќе следи нејзино усогласување од сите земји членки, по што ќе се одржи првата меѓувладина конференција.(Фото : Принтскрин видео Влада)

    Премиерот Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров сметаат дека преговарачките тимови се подготвени да ги почнат и во најкус период да ги спроведат преговорите за членство на земјава во Европската унија. Откако вчера Европската комисија ја предаде преговарачката рамка до Европската унија, ќе следи нејзино усогласување од сите земји членки, по што ќе се одржи првата меѓувладина конференција.

    „После 15 години чекање како земја кандидат, сега е време конечно и ние да си ги засукаме ракавите и европските стандарди да си ги донесеме дома. Првото поглавје што ќе се отвори ќе биде пакет за основни вредности во кој влегуваат владеењето на правото, фундаментални права, безбедноста, финансиска контрола, јавни набавки, статистика, економски реформи и функционирање на демократските институции и јавната администрација. Со нетрпение очекуваме да почне овој дијалог“, рече Димитров.

    Премиерот Спасовски кажа дека вчерашната одлука е доказ дека земјава прави сигурни чекори кон европскиот пат и спроведување на реформите.

    „Убеден сум дека со помош на институциите на Европската унија и под водство на германската канцеларка Ангела Мерел, преговарачката рамка ќе ја усвојат сите земји членки, со што и формално ќе ги почнеме преговорите со ЕУ. Нашите преговарачки тимови веќе го поминаа подготвителниот скринингоза сите поглавја. Ова е точка од која нема враќање назад, му се допаѓало тоа некому или не“, кажа Спасовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира