ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ НЕФИ УСЕИНИ ЗА ТЕПАЧКАТА ЗА КОЈА ТЕПАНИОТ КАЖА ДЕКА МУ СЕ ПРИЧИНИЛ ПИШТОЛ

    ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ НЕФИ УСЕИНИ ЗА ТЕПАЧКАТА ЗА КОЈА ТЕПАНИОТ КАЖА ДЕКА МУ СЕ ПРИЧИНИЛ ПИШТОЛОбвинетите се товарат дека сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.(Фото: Фејбук)

    Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против Нефи Усеини и неговиот брат за тепачката на 18 август пред хотел во Охрид. Обвинетите се товарат дека сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик врз охриѓанецот Спире Топаловски, кој првично изјави дека бил тепан со пиштол пред син му, но потоа ја смени изјавата и рече дека му се причинило дека видел пиштол, а Усеини му е пријател.

    Обвинетите како што стои во обвинението на 18 август 2020 година, околу 11.30 часот, по претходен договор извршиле грубо насилство врз едно лице при што во јавноста, кај присутни гости и вработени во хотелот, предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. Обвинетите го повикале оштетениот на средба во хотелот, па откако тој пристигнал со возило, на совозачкото седиште седнал еден од обвинетите. Веднаш започнале расправија, излегле од возилото кај паркингот пред хотелот, каде во меѓувреме пристигнал и вториот обвинет.  Во тој момент, двајцата обвинети физички го нападнале оштетениот. При тоа, на еден од обвинетите од пантолоните му испаднал  тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите  во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол.  По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот.

    Усеини од 26 август е во притров во затворот во Охрид откако МВР му поднесе кривична пријава.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира