ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА Е ЗАД НАС, СЕГА ТРЕБА ДА РАБОТИМЕ, КАЖА ЗАЕВ И ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ОПОЗИЦИЈАТА И ГРАЃАНИТЕ

    ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА Е ЗАД НАС, СЕГА ТРЕБА ДА РАБОТИМЕ, КАЖА ЗАЕВ И ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ОПОЗИЦИЈАТА И ГРАЃАНИТЕ„Најголемата заслуга за ова ја имаат граѓаните на Република Македонија, кои се бореа за демократија, напредок и избраа нова влада што ја задолжија да спроведе реформи “ рече премиерот Зоран Заев (фото: Влада на РМ)

    Премиерот Зоран Заев ѝсе заблагодари на опозицијата дека со враќањето во Собранието, помогнала Македонија да ги донесе потребните реформски закони за Македонија да  добие јасна чиста препорака за почеток на преговори со Европската унија.

    Донесувањето на овие закони беше еден од условите за позитивна препорака од Европската комисија за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Тој кажа дека политичката криза е зад нас, и сега ќе се работи на добивање на датум за отпочнување на преговорите.

    „Денес сме чекор поблиску до членство во Европската унија и достигнување на европските стандари.  Минатите две години Европската комисија ја услови препораката со фер и демократски избори и имплементација на препораките на Прибе, односно слобода, демократија и реформи. Тоа значи дека политичката криза е зад нас и дека сме влезени во редовни политички процеси за секоја функционална демократска држава. Најголемата заслуга за ова ја имаат граѓаните на РМ, кои се бореа за демократија, напредок и избраа нова влада што ја задолжија да спроведе реформи “ рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира