ПОЛИЦИЈАТА И СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПРЕТРЕСУВААТ 16 ЛОКАЦИИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ ЗА ТЕНДЕРИ НА ВРАБОТЕНИ ВО МВР

    ПОЛИЦИЈАТА И СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПРЕТРЕСУВААТ 16 ЛОКАЦИИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ ЗА ТЕНДЕРИ НА ВРАБОТЕНИ ВО МВРПретресите се во предистражната постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу фирми и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи, околу спроведена јавна набавка во полицијата. (Фото: СДК.МК)

    По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Министерството за внатрешни работи (МВР) презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу фирми и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи, околу спроведена јавна набавка во полицијата.

    Денеска, тие заедно со Финансовата полиција претресуваат и бараат докази и за примање поткуп и други кривични дела и против ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи  (СОЗР) во Владата Пеце Мирчевски.

    „До овој момент, извршени се претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка, а по барање на јавниот обвинител. Имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката, не сме во можност да споделиме повеќе детали во моментов“, кажа ОЈО Скопје.

    Од злоупотребата со купувањето на „мерцедес“ од 600.000 евра за Никола Груевски со пари на МВР, немало откриена поголема криминална набавка во ова Министерство кое е со најголемиот број вработени и тендери во Македонија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира