ПОЛИЦИЈАТА ПОВИКУВА НОВИНАРИ НА „ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР“ ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ЗАБЕЛЕЖА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ВО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА

    ПОЛИЦИЈАТА ПОВИКУВА НОВИНАРИ НА „ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР“ ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ЗАБЕЛЕЖА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ВО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈАОд МВР тогаш најавија дека Одделот за внатрешна контрола ќе испитува зошто новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК била повикана на службен разговор во полициската станица Центар поради објавен текст, но случајот нема завршница. (архивска фотографија)

    Во извештајот на американскиот Стејт Департмент за човекови права за Македонија во 2022 година е забележано и повикувањето на новинар на „информативен разговор“ во полициска станица. Станува збор за новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК Соња Делевска, која на 16 мај лани беше повикана на разговор во полициската станица Центар по пријава за вознемирување на службеник од Министерството за правда, кој наводно се препознал во текст на новинарката.

    „На 16 мај, полицијата повика новинар на ‘информативен разговор’, наводно постапувајќи по пријава поднесена од функционер во Министерството за правда, кој бил имплициран во текст. ЗНМ, ССНМ и Хелсиншкиот комитет за човекови права го осудија случајот и побараа соодветна акција од властите. Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда отворија интерни истраги за однесувањето на вклучените полицајци и функционерот кој ја поднесе жалбата. На крајот на јули, сепак, Министерството за правда ја отфрли дисциплинската постапка, со образложение дека нема основа“, се вели во извештајот на Стејт Департментот во делот за слобода на говорот.

    Од МВР тогаш најавија дека Одделот за внатрешна контрола ќе испитува зошто новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК била повикана на службен разговор во полициската станица Центар поради објавен текст, но случајот нема завршница.
    И Антикорупциската комисија оформи предмет за случајот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира