ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ГРУЕВСКИ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ГРУЕВСКИ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО БИТОЛА

    Зачестените информативни разговори во Битола имаат за цел да ги натераат учесниците на демонстрациите да ги искодошат организаторите на герила акциите во градот кои се организирани во знак на протест против градоначалникот Владимир Талевски и против Владата, велат активистите на граѓанските организации.

    „Вака Бугарите правеа во 1941 година“, велат повозрасните Битолчани кои се сеќаваат на фашистичката окупација на градот во Втората светска војна и секојдневното повикување во полиција на граѓани од кои барале да им ги кажат организаторите на отпорот.

    Полицијата трага по маскираните битолчани, поточно по битолскиот Груевски, лицето кое беше преправено како лидер на ВМРО-ДПМНЕ за време на герила акцијата со божемното отварање на стадион и по тројца непознати лица облечени во црно кои истурија лепешки пред општинската зграда.

    На информативен разговор во полиција се повикани неколкумина учесници и очевидци на герила акцијата од пред десетина дена во која на пародичен начин беше пуштен во употреба „новиот“  стадионот „Двојче“ на плоштадот Магнолија.  Меѓу нив  е и младата Климентина Митревска која денеска треба да се јави на распит во полиција. Таа за време на герилата крај зеленото теписонче држеше транспарент „Стадион Владимир Талевски Двојче“.

    лиментина Митревска која денеска треба да се јави на распит во полиција. Таа за време на герилата крај зеленото теписонче држеше транспарент

    Климентина Митревска денеска треба да се јави на распит во полиција. Таа за време на герилата крај зеленото теписонче држеше транспарент и глумеше обожавател на премиерот (Фото: СДК.МК)

    На распит не се повикани водачите на протестите и на герилите, туку нивни соработници, па дури и лица кои биле во задните редови на демонстрациите

    „Ова го сфаќаме како обид од другите демонстранти да се добијат имињата на организаторите“, велат учесници во Шарената револуција.

    Климентина вели дека ја повикале на информативен разговор поради уништување на туѓи предмети, а таа ни фрлала со бои, ниту пак скршила нешто.

    „Поканата ми ја донесоа дома полицајци со марица. Бидејќи не бев во моментот присутна ја оставија поканата на моето семејство. Сите се вознемирија, па дури и соседите, зашто досега кај нас дома не доаѓала полиција. Јас не чувствувам никаков страв и нема да подлегнам на притисоци, ќе продолжам да протестирам“, изјави таа.

    Клементина учествуваше во герилата со која битолчани се пошегуваа на сметка на власта која со години ветува дека ќе изгради  нов фудбалски стадион под Тумбе Кафе. Поставија зелен теписон на плоштадот Магнолија, а потоа од скап мерцедес пандан на владиниот од 600.000 евра се симнаа демонстранти маскирани како Никола Груевски, Владимир Талески и Васко Наумовски. Ги следеше обезбедување, потоа сечеа црвена лента од импровизираното стадионче наречено „Двојче“, а премиерот за аирлија ја шутна фудбалската топка, но утна – не даде гол.

    Чашата ја прели акцијата на две маскирани лица кои ноќта спроти понеделник истурија лепешки пред општинската зграда. Ден по ова полицијата почна да ги собира демонстрантите на распит. Од тука и сомнежот кај организаторите на Шарената револуција дека полицијата се обидува да го открие идентитетот на маскираните.

    Демонстрантите кои веќе го поминаа распитот раскажуваат дека инспекторите ги прашувале кој ги организира.

    ralevski bitola

    „Ме прашуваа и кој е организатор, а јас им реков дека сме граѓани кои спонтано се собираат. Ова нема да ме исплаши и ми разбуди уште поголем револт во душата“, рече Сашо Раловски, учесник во демонстрациите кој вчера беше на информативен разговор (Фото: СДК.МК)

    „Во полиција ме прашуваа дали сум кршел нешто, дали сум оштетувал. Ме прашуваа и кој е организатор, а јас им реков дека сме граѓани кои спонтано се собираат.Ова е голем притисок кон граѓаните на Македонија. Ова нема да ме исплаши и ми разбуди уште поголем револт во душата“, рече Сашо Раловски, учесник во демонстрациите. Додека тој беше на информативен разговор, група демонстранти протестираа пред зградата на СВР Битола.

    На разговор во полиција повикани се повеќемина битолчани. Распитите траат по десетина минути, а полицијата според зборовите на демонстрантите кон нив се однесува примерно.

    Од полицијата велат дека ова е тековна работа на нивните служби и не откриваат дали ќе следуваат кривични пријави.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари