ПОПИС ЌЕ ИМА ВО АПРИЛ, КАКВИ И ДА БИДАТ РЕЗУЛТАТИТЕ НЕМА ДА СЕ МЕНУВААТ УСТАВОТ И ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ПОПИС ЌЕ ИМА ВО АПРИЛ, КАКВИ И ДА БИДАТ РЕЗУЛТАТИТЕ НЕМА ДА СЕ МЕНУВААТ УСТАВОТ И ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР, РЕЧЕ ЗАЕВ„Сега гледам се отвораат некои дебати дали ќе се менувал Уставот, Рамковниот договор. Таман работа, сто пати кажав пописот и резултатите никако не влијаат на Уставот и Охридкиот рамковен договор“, кажа Зеев. (Фото: Влада)

    Попис ќе има во април и нема никаква причина тој повторно да биде одложен, кажа денеска премиерот Зоран Заев. Заев одговарајќи на новинарско прашање на увидот на градежните работи во ТИРЗ Скопје 2 кажа дека без разлика какви се резултатите од пописот нема да се менуваат ниту Уставот, ниту Охридскиот рамковен договор.

    „ Април 2021 е месецот за спроведување на пописот. Пописот го одложивме затоа што Христијан Мицкоски и опозицијата бараат да биде одложен неколку месеци пред пандемијата, а беше усогласено сѐ. Сега гледам се отвораат некои дебати дали ќе се менувал Уставот, Рамковниот договор. Таман работа, сто пати кажав пописот и резултатите никако не влијаат на Уставот и Охридскиот рамковен договор. Да се растеретиме од оваа работа. Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките кои ни требаат во државата“, рече Заев.

    За изјавите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски дека  пратеници од коалицијата „Можеме“ сакаат да преминат кај нив, Заев рече дека ‘си прават излет на мозокот‘,

    „Со која албанска партија ќе формираат мнозинство, додека не ја променат менталната матрица ќе останат долго во опизија. Во следниот период помеѓу три и шест пратеници ќе дојдат да го поддржат ова мнозинство заради политиките и решенијата кои ги нудиме“, кажа Заев.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира