ПОПИСОТ ПОЧНУВА В ПОНЕДЕЛНИК СО ПОПИШУВАЊЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ, ДИПЛОМАТИТЕ, ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И БЕЗДОМНИЦИТЕ

    ПОПИСОТ ПОЧНУВА В ПОНЕДЕЛНИК СО ПОПИШУВАЊЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ, ДИПЛОМАТИТЕ, ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И БЕЗДОМНИЦИТЕПописот на населението, домаќинствата и становите што ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април. (Фото: МИА)

    В понеделник почнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Ова е еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите што ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април, кажаа денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи и директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симoвски.

    Министерството за надворешни работи (МНР) ќе спороведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство кои се на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од земјава врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства и домаќинствата што престојуваат во странство со овиелица. Овде спаѓаат и сите лица – државјани на Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

    Самопопишувањето ќе се одвива преку веб апликацијата popis2021.stat.gov.mk, која, како што кажа Симовски, е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата адреса на е-пошта. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста личните податоци е осигурана.

    Министерот Османи рече дека МНР како одговорно за диајспората, преку дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишта онлјан преку веб страницата на ДЗС.

    „ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функциони ра 24 часа и ќе биде достапен за граѓаните за информации и појаснувања. Веќе се јавуваат граѓани и прашуваат за процедурата“, рече Османи и додаде дека шодатоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот ќе бидат одлична можност за планирање на политиките за дијаспората, за усулгите што им се потребни на иселениците.

    „Во изработка е и дигитален конзулат, на кој онлајн ќе можат да се добијат потребните документи. Пописните податоци ќе послужат и да се видат причините зошто иселениците заминале од државата и како да ги вратиме“, рече Османи.

    Симовски кажа дека целта е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период.

    „Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии и политики за спречување или барем намалување на емиграциониот бран и планирање на развојни политики кои ќе овозможат услови за нивно враќање во татковината“, рече Симовски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира