ПОРАСНА БРОЈОТ НА КОВИД ПОЗИТИВНИ МИНАТАТА НЕДЕЛА, СМРТНОСТА НАМАЛЕНА

    ПОРАСНА БРОЈОТ НА КОВИД ПОЗИТИВНИ МИНАТАТА НЕДЕЛА, СМРТНОСТА НАМАЛЕНАДосега се регистрирани се 3.439 случаи на заболување меѓу здравствени работници. (Фото: К. Попов)

    Бројот на позитивни ковид случаи за периодот од 25 до 31 јануари е зголемен за 17.9 отсто во однос на претходната недела, т. е регистрирани се 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во земјава, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Тестирани се 13.742 материјали, што е зголемување од 24,5% во однос на минатата недела.

    Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лица биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (984; 48,3%), со неделна инциденца – 159,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија. Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 18%, или во просек 14%, идентично како минатата недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (540, 26,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (368; 18,1%), 50-59 (365; 17,9%), 30-39 (374; 18,4%) и 20-29 (251; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (41; 2,0%) и 10-19 години (97; 4,8%).

    По добиени 2 негативни теста  како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела.

    Институтот вели дека во најголем дел од државата се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Дојран (3 заболени во последните две недели) се забележува минимално зголемување, додека позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Делчево, Демир Капија и Македонска Каменица

    Моментално се хоспитализирани 565 лица (8,9% помалку во споредба со минатата недела), а од нив 189 се на кислородна поддршка и 9 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

    Вкупно ковид дијагностицирани земјава од почетокот на епидемијата се 92.753, оздравени се 82.121, починаа 2.866, а активни случаи се 7.766.

    Според анализите направени заклучно со 17 јануари, во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

    Регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

    Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира