ПОСЕБНИ ОДБОРИ СО МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ ГО СПРОВЕДУВААТ ГЛАСАЊЕТО НА ЛИЦАТА ПОЗИТИВНИ И ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ КОВИД-19

    ПОСЕБНИ ОДБОРИ СО МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ ГО СПРОВЕДУВААТ ГЛАСАЊЕТО НА ЛИЦАТА ПОЗИТИВНИ И ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ КОВИД-19Во своите домови ќе гласаат 476 лица, кои се во домашен карантин или им е определена мерка самоизолација поради ковид-19, рече Даштевски. (Фото: МИА)

    Вкупно 10. 653 гласачи денес може да гласаат, на ден пред седмите Локални избори во земјава. Денеска гласаат болните, немоќните и лицата со ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, како и затворениците, лицата во притвор, во домовите за стари лица и внатрешно раселените лица, рече Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) на прес-конференција. Тој додаде дека засега гласањето тече без проблем.

    Со право на глас на овие избори во избирачкиот список се запишани 1.824. 863 лица. Се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

    На гласачките места во 13 казнено-поправно установи може да гласаат 1.899 гласачи. Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот.

    Во Центарот за внатрешно раселени лица ќе може гласаат шест гласачи кои се водат како внатрешно раселени лица.

    „Во установите за вонсемејно згрижување, своето право на глас можат да го остварат вкупно 351 гласач. Избирачките одбори во државата ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни и немоќни или во куќен притвор. Од општинските изборни комисии кои доставиле известување со соодветна документација во своите домови гласачкото право ќе го остварат 7. 921 граѓанин кои се пријавиле за гласање“, кажа Даштевски.

    Во своите домови ќе гласаат 476 лица, кои се во домашен карантин или им е определена мерка самоизолација поради ковид-19. Ова гласање, како што додаде тој, ќе го спроведат посебни избирачки одбори составени од медицински персонал и лица номинирани од политичките партии.

    Даштевски додава дека ДИК издаде акредитација за набљудување на 1.247 набљудувачи од кои 870 се домашни, 367 странски и 10 странски новинари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира