ПОТЕШКО ПОВРЕДЕНАТА ПАТНИЧКА ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ПРОКУПЉЕ ЗАДРЖАНА ВО НИШ, ДРУГИТЕ ПУШТЕНИ НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ

    ПОТЕШКО ПОВРЕДЕНАТА ПАТНИЧКА ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ПРОКУПЉЕ ЗАДРЖАНА ВО НИШ, ДРУГИТЕ ПУШТЕНИ НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕОфицијалните резултати за причините за несреќата сѐ уште не се доставени до македонската амбасада во Белград. (Фото: Б92)

    Сите патници повредени во превртениот македонски автобус кај Прокупље, Србија кои биле примени во болниците во Блаце и Прокупље се пуштени на домашно лекување, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Единствено потешко повредената патничка која е хоспитализирана во Ниш ќе биде задржана на понатамошно лекување. Во несреќата беа повредени 26 патници.

    „Сите пациенти кои биле примени биле со полесни повреди, претежно контузии и се пуштени на домашно лекување. Во моментот се очекува да пристигне и автобус кој ќе ги превезе кон дома“, велат од Министерството за надворешни работи.

    Официјалните резултати за причините за несреќата сѐ уште не се доставени до македонската амбасада во Белград.

    Утрово автобус со македонски регистарски таблици се преврте на патот Блаце–Белољин во Србија, носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира