ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ САМИТ100 И КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

    ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ САМИТ100 И КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМПретседателот на Управниот одбор на САМИТ100, Живко Мукаетов, и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж денес во Скопје

    Меморандум за соработка помеѓу регионалната платформа САМИТ100 и Коморскиот инвестициски форум на шест земји од Западен Балкан (WB6-CIF) – тело за регионална соработка на коморите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора беше потпишан денес во Скопје, на 6. годишен САМИТ100.

    САМИТ100 на Бизнис лидери од ЈИЕ претставува бизнис иницијатива која на едно место ги собира најеминентните бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија.

    Форумот беше формиран на Самитот во Трст за Западен Балкан.

    Според потписниците на Меморандумот, Претседателот на Управниот одбор на САМИТ100, Живко Мукаетов, и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, целта на меморандумот е да ги обедини силите од приватниот сектор и силните регионални компании да работат заедно на спроведувањето на договорените проекти од Берлинската иницијатива.

    Меморандумот се однесува на поттикнување на деловната соработка и унапредување на конкурентноста на регионалната и националните економии.“, рече Мукаетов .

    Осврнувајќи се на темите дискутирани во рамки на САМИТ100 и продлабочување на поврзаноста во регионот преку соработка на теми како побрза трговија со стоки и услуги, транспорт, енергија и брендирање на потеклото, Чадеж изјави:

    Сакаме да помогнеме во остварување на тие задачи придонесувајќи во отстранувањето на царинските бариери, синхронизирање на документацијата, но и синхронизирање и на останатите процедури. Наша задача е да ја задржиме оваа тема високо на агендата и мислам дека таквата подготвеност сега постои, но не смееме да се опуштиме. Ова е прашање на опстанокот на нашиот регион“, заклучи Чадеж.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари