ПОВРЕДЕНИ 20 МИГРАНТИ ВО ПРЕВРТЕНО КОМБЕ ПРЕД ТУНЕЛОТ ВО КАТЛАНОВО

    ПОВРЕДЕНИ 20 МИГРАНТИ ВО ПРЕВРТЕНО КОМБЕ ПРЕД ТУНЕЛОТ ВО КАТЛАНОВОНајмладиот повреден е 16-годишен, а најстариот 50-годишен, откако комбето излетало од патот на 3-4 километри пред тунел Катланово на патниот правец Велес-Скопје (СДК.МК)

    Во сообраќајката на превртено комбе кое превезувало мигранти се повредени 18-мина,од кои 5-мина потешко,  потврди полицијата. Сообраќајката се случила денес околу 13.45 часот, на 3-4 километри пред тунелот Катланово на патниот правец Велес-Скопје.

    „Дошло до излетување од патот на товарно моторно возило ‘ивеко’  во кое се превезувале  мигранти. Досега 18 лица се упатени во Ургентен центар  Скопје за лекарска помош. Увид се врши“, соопшти МВР.

    Во Ургентен центар на Скопските клиники примени се 14 повредени од сообраќајката, од кои пет со потешки телесни повреди.

    „Овие потешко повредените се хоспитализирани, односно едниот од нив е на КАРИЛ, двајца на Клиниката за торакална хирургија, а двајца на Клиниката за трауматологија. Останатите се со полесни повреди. Најмладиот пациент е 16-годишен, а најстариот 50-годишен“, вели д-р Алберт Леши, раководител на Ургентен центар.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ донесени се шест пациенти од кои 4 со лесни повреди, а двајца со трауми на главата, но и тие не се во животозагрозувачка состојба.

    „Сите се прегледани, а овие двајцата се на опсервација и ако има потреба ќе ги префрлиме на Клиника“, изјави д-р Влатко Алексов од Ургентниот центар во ГОБ „Септември“.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари