ПОЖАРИТЕ СЕ ПОД КОНТРОЛА, ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА БЕА ПРЕВЕНТИВНО ЕВАКУИРАНИ 4 СТАРИ ЛИЦА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДЗС ЏАФЕРОСКИ

    ПОЖАРИТЕ СЕ ПОД КОНТРОЛА, ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА БЕА ПРЕВЕНТИВНО ЕВАКУИРАНИ 4 СТАРИ ЛИЦА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДЗС ЏАФЕРОСКИ„Апелирам до граѓаните за совесно однесување. Станува збор за намерно палење бидејќи во овој период од годинава никогаш до сега сме немале толку многу пожари“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.

    Пожарот кај Македонска Каменица близу селото Саса е изгаснат, рано утрово интервениравме со авионите, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.

    Во пожарот кој вчера избувна во Македонска Каменица горела ниска вегетација, но постоела опасност да влезе во густа шума. Превентивно биле евакуирани 4 стари лица од маалото Аџии, кои утрово се вратени во нивните домови.

    „Рано утрово нашите воздухоплови интервенираа и пожарот е изгаснат. Цела ноќ се интервенираше со сите сили, беа ангажирани противпожарните единици и од соседните општини, наши екипи како и припадници на резервниот состав во случај на кризи. Во координација со Владата донесовме мерка за забрана за движење во шуми. Апелирам до граѓаните за совесно однесување. Станува збор за намерно палење бидејќи во овој период од годинава никогаш до сега сме немале толку многу пожари“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.

    Во моментов екипите се префрлени во Преспанскиот регион каде утрово избувна нов пожар во паркот на ретки птици Езерани. Џафероски вели дека пожарот во Галичица е под контрола, но нивните авиони се подготвени доколку има потреба да делуваат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира