ПОЖАРОТ КАЈ МАТКА Е ЛОКАЛИЗИРАН, ЕКИПИ ЌЕ ДЕЖУРААТ НОЌВА ДА НЕ СЕ ПРОШИРИ

    ПОЖАРОТ КАЈ МАТКА Е ЛОКАЛИЗИРАН, ЕКИПИ ЌЕ ДЕЖУРААТ НОЌВА ДА НЕ СЕ ПРОШИРИАвионите гаснеа додека имаше услови за летање, односно додека беше видливо, вели Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Скопје.

    Пожарот што денес околу 14 часот изби на Матка е локализиран, но странично долж кањонот кај металниот крст се уште гори оган. Екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје и од ЈП „Паркови и зеленило” ноќеска ќе дежураат за да не се прошири огнот кон боровата шума.

    Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Скопје вели дека дојавата за пожарот ја добиле во 14 часот, веднаш интервенирале со две возила и 6 пожарникари. На помош биле пратени и 30 луѓе од ЈП „Паркови и зеленило”.

    „Гореше од десната страна на кајак патеката под браната. Веднаш интервениравме, но ветерот го разнесуваше огнот и за да не се прошири побаравме помош од Дирекцијата за заштита и спасување, која прати два ер трактори. Авионите гасеа додека имаше услови за летање, односно додека беше видливо. Пожарот е локализиран, но се прошири странично на тешко пристапен терен. Екипите ноќеска нема да можат да гаснат по кањонот, туку ќе дежураат за да не се шири кон боровата шума”, рече Томевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира