ПОЗИЦИИТЕ СЀ УШТЕ СЕ ДАЛЕЧНИ, НО РАЗГОВАРАВМЕ ВО ПОЗИТИВЕН ДУХ, РЕЧЕ МУЦУНСКИ ПО ПОСЕТАТА НА СОФИЈА

    ПОЗИЦИИТЕ СЀ УШТЕ СЕ ДАЛЕЧНИ, НО РАЗГОВАРАВМЕ ВО ПОЗИТИВЕН ДУХ, РЕЧЕ МУЦУНСКИ ПО ПОСЕТАТА НА СОФИЈАБугарската министерка Петрова-Чамова по средбата изјави дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија, но земјавата мора да ги направи  уставните измени. (Фото: Икс)

    Позициите на Македонија и Бугарија во однос на прашањата поврзани со европската интеграција сè уште се многу далечни, рече министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова во Софија. Тој кажа дека средбата била конструктивна и одржана во позитивен дух, при што е договорено дијалогот меѓу двете држави да продолжи по сите прашања од заеднички интерес.

    „Меѓу двете страни постои висок степен на недоверба во однос на процесот на европската интеграција на Македонија, пред сè, во поглед на неговата предвидливост. Морам да бидам и апсолутно транспарентен и јасен, не е дека решивме некое суштинско прашање, позициите се сè уште многу далечни, за тоа нема никаква дилема, но разговаравме во позитивен дух за развивање на дијалог во периодот што следи помеѓу двете држави и тој дијалог несомнено ќе продолжи“, рече Муцунски.

    Бугарската министерка Петрова-Чамова по средбата изјави дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија, но земјавата мора да ги направи  уставните измени. Во однос на барањата за гаранции од Северна Македонија, Петрова-Чамова кажа дека пристапниот процес кон Европската Унија е утврден со правила и критериуми и дека ниту една земја членка не може да гарантира какви било идни чекори во процесот.

    Министерот Муцунски во Софија учествуваше на Меѓународната конференција за Коридорот 8.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира