ЧЕДОМИР САЗДОВСКИ ГИ НАПУШТИ СТЕВЧО И КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ И СТАНА НЕЗАВИСЕН ПРАТЕНИК

    ЧЕДОМИР САЗДОВСКИ ГИ НАПУШТИ СТЕВЧО И КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ И СТАНА НЕЗАВИСЕН ПРАТЕНИКСаздовски беше заменик координатор на шестата од десетте пратенички групи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. - Стевчо Јакимовски и Чедомир Саздовски (Од јавниот Фејсбук профил на пратеникот)

    Пратеникот на ГРОМ Чедомир Саздовски ја напушти партијата која што е во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието ќе делува како независен пратеник. Од Собранието за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека Саздовски го известил претседателот на Собранието Талат Џафери дека во Собранието ќе работи како независен пратеник.

    Чедомир Саздовски и Панче Минов се двајцата пратеници на ГРОМ во Парламентот, кои се во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Минов е координатор на шестата од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, а Саздовски му беше заменик.

    Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски на вчерашните локални избори во скопската Општина Карпош изгуби во прв круг со 7.500 разлика од противкандидатот Стефан Богоев од СДСМ.

    Извори од ГРОМ неофицијално за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека Саздовски одлуката за напуштање ја донел после нападот на Собранието на 27 април. Од тогаш,  па до паузата на Собранието поради започнувањето на изборната кампања за локални избори, Саздовски не беше активен во собраниската дебата.

    Саздовски беше член на СДСМ пред да му се приклучи на Јакимовски пред претходните локални избори, кога Јакимовски, кој исто така беше член на СДСМ, се кандидираше за градоначалник на Општина Карпош со печатот на Српска напредна странка на Драгиша Милетиќ. Потоа ја формираа ГРОМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира