ПРАТЕНИЦИТЕ БАДИЈАЛА ПОТРОШИЈА 20.000 ЕВРА И НЕ НАЈДОА ОДГОВОРЕН ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРАТЕНИЦИТЕ БАДИЈАЛА ПОТРОШИЈА 20.000 ЕВРА И НЕ НАЈДОА ОДГОВОРЕН ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ

    Надзорната расправа за утврдување на причините и одговорноста за катастрофата што на 6 август се случи со поплавата во селата под Скопска Црна Гора, во која загинаа 23 лица, меѓу кои и бебиња, две недели не може да почне во Собраниската комисија за земјоделие. Заглави на 16 септември во целодневни процедурални инаетења меѓу пратениците.

    Според собраниските служби, тој цел ден кога се расправаа членовите на Комисијата за земјоделие и кога заглавија на процедурални причини, поради кои до денеска надзорната расправа не се закажува, биле потрошени 20 илјади евра од буџетот на Собранието.

    Опозицијата бара да се почитуваат досегашните правила за дискусии при надзорните расправи, со вкрстени прашања, како на пример за уривањето на Космос на Фијат Цаноски, за распределбата на субвенциите и за останатите. Секој член на комисијата има право во пет минути да поставува прашања на одреден сведок и тој да му одговара во тој тајминг. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, не сакаат вкрстени прашања за 30-темина сведоци, меѓу кои се експремиерот Никола Груевски, министерот за здравство Никола Тодоров, градоначалниците на Скопје Коце Трајановски и на Гази Баба Тони Трајковски, министрите за земјоделство Михаил Цветков, за транспорт и врски Владо Мисајловски, за одбрана Зоран Јолевски, за внатрешни работи Митко Чавков, како и Жарко Караџовски, Оливер Ромевски, Шабан Салиу, Ромео Тренов, Сузана Салиу и останатите. Тие овојпат ја сменија тактиката и бараат еднаков третман: минута за прашање за пратеникот, минута време на сведокот за одговор.

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески секојдневно ги обвинува пратениците од владејачката гарнитура, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, дека прават сѐ до распуштањето на Собранието оваа надзорна расправа да не продолжи.

    “За да не се чуе лош збор за ВМРО-ДПМНЕ пред изборите, тие го блокираа Собранието. Вака Собранието никогаш не било блокирано. Надзорната комисија за поплавите никако да почне, Комисијата за политички систем упорно закажува и одлага седница само за извештајот на Катица Јанева, а никако за тој на Марко Зврлевски, со цел да ја прикажат жената дека бега од Собрание, пратеничките прашања почнаа дури по 16 часот, а завршија во 18, зашто една година неодговорени прашања од владата се одговорија баш на последната седница на пратенички прашања пред изборите. Ваква блокада на Собранието никогаш немало“, вели Сугарески.

    Опозицијата тврди дека без оглед дали на надзорната расправа ќе се појават Груевски, Тодоров, Трајановски, Трајковски и останатите сведоци, „одговорност ќе има за тоа што се случи во 21-от век да загинат најмалку 23 лица, меѓу кои и бебиња, поради немање канализација и неисчистени канали“.

    „Тие ќе мора да ги објаснат сите пропусти во нивното 10 годишно владеење, што однесоа и човечки животи“, смета опозицијата.

    Членовите на комисијата од власта, пак, тврдат дека нема никаков проблем да се одржи надзорната расправа, но се сомневаат дека колегите од опозицијата ќе ги злоупотребат тие пет минути за прашање и одговор. Тие се загрижени за сведоците, бидејќи во тајмингот од петте минути, велат, ќе зборат само пратениците од опозицијата и нема да им остават време на прашаните да дадат одговор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира