Премиерот Зоран Заев вели дека пратениците треба да одат на одмор летово, затоа што според него одморен човек е поефикасен.
„Социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право, заради тоа што одморен човек и работник, па и пратеник, може да биде поефикасен. Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинден парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но парламентот е над Владата, над мене како премиер и јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки, како ќе одлучат тие, ќе почитувам. Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање на отворање на нова спортска сала во скопската општина Ѓорче Петров.
- 193.000 ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА 9 МЕСЕЦИ „ЧУКНИ КАРТИЧКА – БЕГАЈ!“
- ЗА 8 МЕСЕЦИ ПРАТЕНИЦИТЕ ЗАВРШИЈА САМО 8 СЕДНИЦИ НА КОИ СЕ ГЛАСАА ЗАКОНИ, А ЗЕМАА НАД МИЛИОН ЕВРА ЗА ПЛАТИ И ПАТНИ ТРОШОЦИ
- РАБОТЕЛЕ-НЕ РАБОТЕЛЕ, ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА 5 МЕСЕЦИ СТАСАА ДО 120.000 ЕВРА
Коментарот на Заев доаѓа по предлогот на лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов пратениците и министрите во текот на јули и август, наместо на одмор, да одат на работа со цел периодот да се искористи за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите, и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на Европската унија.