ПРЕДИЗБОРНИ РОКОВИ: СОБРАНИЕТО СЕ РАСПУШТА НА 12 ОКТОМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ПРЕДИЗБОРНИ РОКОВИ: СОБРАНИЕТО СЕ РАСПУШТА НА 12 ОКТОМВРИ

    Одложуваните предвремени парламентарни избори на 24 април и 5 јуни, овојпат треба да бидат бидат закажани на 11 декември.
    Ова беше договорено на завчерашната средба на лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, откако претходно двапати ги одложија изборите.
    Ако партиите не се премислат и повторно не ги одложат изборите, ова се роковите од Изборниот законик што треба да ги испочитуваат институциите:

    2 септември (денеска) – Новите министри и дополнителни заменици-министри од СДСМ и официјално ќе бидат избрани за членови на владата;
    12 октомври – треба да се распушти Собранието и да се распишат избори;
    17 октомври – Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес;
    27 октомври – ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список. Јавниот увид трае 20 дена, до 16 ноември;
    11 ноември – ДИК треба да ги објави описите на изборните единици;
    18 ноември – ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници;
    21 ноември – Почнува изборната кампања;
    22 ноември – ДИК ќе им го достави избирачкиот список на политичките партии, а тие, во рок од пет дена, до 27 ноември, мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци;
    27 ноември – ДИК го потпишува избирачкиот список;
    8 декември – Државната изборна комисија треба да го предаде изборниот материјал на општинските изборни комисии;
    10 декември  – Завршува изборната кампања и почнува изборниот молк;
    11 декември – Предвремени парламентарни избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира