ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО ВО ЊУЈОРК ПРОДОЛЖУВААТ УТРЕ

    ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО ВО ЊУЈОРК ПРОДОЛЖУВААТ УТРЕСредбата која денеска се одржа во зградата на Обединетите нации меѓу Димитров, Коѕијас и Нимиц заврши околу 22.30 часот, со најава дека преговорите ќе продолжат утре по што ќе бидат дадени изјави (Фото: ОН)

    Преговорите за спорот за името меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со посредникот Метју Нимиц во Њујорк, ќе продолжат утре. Средбата која денеска се одржа во зградата на Обединетите нации меѓу Димитров, Коѕијас и Нимиц заврши околу 22.30 часот по македонско време, со најава дека преговорите ќе продолжат утре по што ќе бидат дадени изјави.

    Средбата на шефовите на дипломатијата и преставникот на ОН траеше околу 6 часа. Како што е најавено, преговорите утре ќе продолжат во 15.30 по македонско време.

    Пред средбата на Димитров, Коѕијас и Нимиц, двајцата министри вчера имаа посебни средби со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

    „Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски спор“, изјави Димитров по средбата со Гутереш.

    Новата рунда прегововри во Њујорк доаѓа по минатонеделанта средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија, по која Заев објави дека името „Република Илиндеска Македонија“ за севкупна употреба и именување на јазикот како македонски е решението зад кое тој стои.

    За Грција името „Република Илинденска Македонија“ пак е неприфатливо и тие, како што соопштија од  кабинетот на Ципрас, бараат име со географска или временска одредница, какви што се предлозите на посредникот Нимиц.

    И покрај ваквите ставови на грчката страна, премиерот Заев и министерот Димитров рекоа дека не се откажуваат од „Република Илинденска Македонија“ за решавање на спорот  и сметаат дека ова решение е најдобар компромис.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира