ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ЗАКАНИТЕ СО БОМБИ ВО СРЕДНИТЕ ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ

    ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ЗАКАНИТЕ СО БОМБИ ВО СРЕДНИТЕ ШКОЛИ ВО СКОПЈЕОд МВР велат дека во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот.(Фото: СДК.МК)

    Попладнево приведено е едно лице кое се сомничи дека е поврзано со дојавите за поставени бомби во средните училишта во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи велат дека полициски службеници од СВР Скопје привеле лице од Скопје, и во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од МВР додаваат дека и денешните пријави за бомби се лажни.

    „Завршени се  антитерористичките проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје на електронските адреси добиле порака со закана за поставена бомба и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.

    Денеска околу 14.30 часот во СВР Скопје беше добиена пријава од шест училишта, потоа околу 15 часот уште од две училишта и потоа од уште едно училиште во Скопје. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници беа преземени мерки за безбедно евакуирање на сите девет училишта, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

    Заканите за бомби во школите во Скопје почнаа минатата недела и досега немаше приведено ниту едно лице.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира