ПРОФЕСОРОТ БЛЕРИМ РЕКА НЕЗАВИСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ, ЌЕ ГО ПОДДРЖАТ АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И БЕСА

    ПРОФЕСОРОТ БЛЕРИМ РЕКА НЕЗАВИСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ, ЌЕ ГО ПОДДРЖАТ АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И БЕСА„Само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава и Албанците ќе бидат само гласачи, но не и гласани“, напиша на својот Фејсбук профил Река за неговата канидатура. (Фото: Фејбук)

    Универзитетскиот професорот и поранешен амбасадор Блерим Река денеска објави дека ќе биде претседателски кандидат на претстојните претседателски избори. Неговата кандидатура најавија дека ќе ја поддржат партиите Алијанса за Албанците и Движење Беса.

    Река својата кандидатура ја објави на неговиот Фејсбук профил објаснувајќи дека решил да учествува на изборите поради две причини.

    „Само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава и Албанците ќе бидат само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика без да се влезе во политичко соочување не е доволно за да се промени ситуацијата. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците, а интелектуалците само пишуваат за историјата“, напиша професорот Река во својот Фејсбук профил.

    За кандидатура на претседателските избори се потребни 10.000 потписи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира