ПРОТОЃЕР НЕ ДОЈДЕ НА СУД ОТИ СЕ ЛЕКУВАЛ, КАЖА НЕГОВИОТ АДВОКАТ

    ПРОТОЃЕР НЕ ДОЈДЕ НА СУД ОТИ СЕ ЛЕКУВАЛ, КАЖА НЕГОВИОТ АДВОКАТСпецијалниот обвинител Гаврил Бубевски по денешната јавна седница на Апелациониот суд на која што се расправаше за мерките на претпазливост во случајот „Титаник“. (Фото: СДК.МК)

    Мартин Протоѓер, обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, не дојде денеска во Апелациониот суд Скопје поради здравствени причини. Според адвокатот, тој, иако бил на лекување во унгарската воена болница, се вратил кога ја дознал мерката одземање на пасошот, го депонирал пасошот и го продолжил лекувањето во Македонија.

    Сега бил на отворено боледување, тука во државава. За Протоѓер СЈО повторно бара притвор за злосторничко здружување, за злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања и за повреда на правото на определување на избирачите. Сепак, седницата се одржа во негово отсуство.

    СЈО тврди дека иако неговата сопруга ги примала поканите за распит, тој не се јавувал во обвинителството. Смета дека има опасност од бегство, зашто може тоа да го стори и со лична карта. Акцентот СЈО го става и на опасноста од влијание врз сведоците во „Титаник“. Обвинителот Гаврил Бубевски рече оти нема информации за каква болест се работи и дали таа евентуална дијагноза може да се третира во затворска институција, поради тоа што Протоѓер не доставил извештај од специјалист.

    Неговата одбрана рече дека нема докази дека Протоѓер ќе бега. Човек што на сопствен ризик го прекинал лекувањето и веднаш се вратил во Македонија и дошол на шалтер да го остави пасошот, не дава сигнали дека ќе бега од Македонија, рече неговиот адвокат.

    Тој додаде дека за здравствената состојба на обвинетиот, СЈО било редовно информирано. Одлуките за Протоѓер, кој си го бара пасошот да му биде вратен, како и за останатите обвинети во Титаник за кои се бара притвор повторно, Апелациониот суд Скопје ќе ги објави најверојатно на почетокот на идната недела.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира