ПУШТИ ГО, УБО МУ Е ВО ЗАТВОР, ЈАНАКИЕСКИ ВРАЌА ВО ИДРИЗОВО ОСЛОБОДЕН ОСУДЕНИК ЗА ДА ГЛАСА ТАМУ ЗАШТО ГО НЕМАЛО ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК, СЕ СЛУША ВО БОМБИТЕ НА „ТИТАНИК“

    ПУШТИ ГО, УБО МУ Е ВО ЗАТВОР, ЈАНАКИЕСКИ ВРАЌА ВО ИДРИЗОВО ОСЛОБОДЕН ОСУДЕНИК ЗА ДА ГЛАСА ТАМУ ЗАШТО ГО НЕМАЛО ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК, СЕ СЛУША ВО БОМБИТЕ НА „ТИТАНИК“На судењето за „Титаник“ за изборни нерегуларности продолжуваат да се пуштаат прислушувани разговори. - Обвинетиот Миле Јанакиески пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: К. Попов)

    По над 700 бомби пуштени досега во случајот на СЈО „Титаник“ за тешки изборни нерегуларности, во кој се обвинети Никола Груевски, Миле Јанакиески и уште 19 лица, Јанакиески договара со тогашниот директор на затворот „Идризово“ Живко Пејковски да пушти да се врати назад ослободен затвореник, да гласа за локалните избори во 2013 година, во битката за Oпштина Центар.

    „Министре, Дејан Крстев има ослободителна пресуда, ама го нема во избирачкиот список. Треба некој да му се јави на директорот за да го пушти назад да гласа“, му вели соговорник по телефон.

    „Ало Живко, чекам резултат 31 спрема нула“, му вика Миле и бара да го пушти Дејан да гласа.

    „Ако се врати назад, медиуми има овде, ќе направиме 300 проблеми“, добива одговор Јанакиески.

    „Па го нема во Избирачкиот список“, инсистира Миле.

    „Ама го пуштивме пред 3 дена“, му објаснува директорот на Идризово.

    „Пушти го, убо му е во затвор“, не отстапува обвинетиот Јанакиески.

    Во други бомби, тој кажува дека пред вториот круг гласање обезбедил списоци на вработени од Царина, Влада и други државни институции, но и оригинали од „Кара“, „Орка“ и други приватни компании“.

    Натаму, си разговараат дали да ги апсат Шема, Гордан Георгиев, Данева, Шапуриќ и центарци кои ќе правеле скандали.

    „Тие ништо не губат, не можеме да ги апсиме нив. Ќе прават циркузи. Ќе си направиме проблем. Дај збори таму дека не е во ред ова“, го советува соговорникот.

    „Не сум за оваа акција, ама ај“, завршува Миле.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира