КОМИСИСКАТА РАСПРАВА ЗА БУЏЕТОТ ПРОДОЛЖИ СО ПРЕТСЕДАВАЧ ОД СДСМ, ОПОЗИЦИЈАТА БОЈКОТИРА

    КОМИСИСКАТА РАСПРАВА ЗА БУЏЕТОТ ПРОДОЛЖИ СО ПРЕТСЕДАВАЧ ОД СДСМ, ОПОЗИЦИЈАТА БОЈКОТИРАБуџетот за 2018 година изнесува 3,4 милијарди евра. Денес завршува општата расправа во Комисијата за фиансирање и буџет, а од утре расправата продолжува по поднесените 279 амандмани Пратениците на СДСМ Јован Митрески и Васко Ковачевски во Комисијата за финансирање и буџет (Фото: Г. Трпеноски

    По неколку одложувања, без пратениците на опозициската  ВМРО-ДПМНЕ продолжи расправата по Предлог-Буџетот за 2018 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

    Со седницата претседаваше пратеникот на СДСМ Васко Ковачевски, кој со овластување на претседателот на Собранието Талат Џафери ја замени претседателката на Комисијата Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, која неколку пати ја одложуваше Комисијата без образложение.

    Јован Митрески, заменик координатор на пратеничката група на СДСМ рече дека моментално има нова ситуација во Комисијата.

    „Имаме нова ситуација. Неколку пати претседателката на Комисијата Лилјана Кузмановска ја одлагаше седницата. Денес е шести ден од расправата која трае десет дена. Поради законските рокови за донесување на буџетот, како и фактот што тој е најважен за функционирање на државата, мораше да се продолжи со работата на Комисијата. Апелирам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Комисијата за да ги бранат околу 200 амандмани што ги поднесоа, и во секој момент може да дојде претседателката Кузмановска да продолжи да ја води Комисијата“, рече пратеникот Митрески.

    Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ни изјавија дека сè уште немаат дефинирано став за продолжување на Комисијата со претседавач од СДСМ.

    „Кога ќе го утврдиме ставот, ќе го соопштиме во јавноста“, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Поради отсуството на опозицијата, владејачките пратеници дискутираа меѓу себе како новиот Буџет е развоен, инвестициски  и е проектиран на реални основи. Буџетот за 2018 година изнесува 3,4 милијарди евра.  Денес завршува општата расправа во Комисијата за финансирање и буџет, а од утре расправата продолжува по поднесените 279 амандмани.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира