„РЕКЕТ“ Е НАПРАВЕН ЗА ДА СЕ СПАСИ КАМЧЕВ, РУСКОВСКА МИ БАРАШЕ ДА ПРАЌАМ НОВИНАРИ КАЈ ЛУЃЕ ШТО Ѝ СЕ ОДВРАТНИ, КАЖА БОКИ 13 НА СУДЕЊЕТО

    „РЕКЕТ“ Е НАПРАВЕН ЗА ДА СЕ СПАСИ КАМЧЕВ, РУСКОВСКА МИ БАРАШЕ ДА ПРАЌАМ НОВИНАРИ КАЈ ЛУЃЕ ШТО Ѝ СЕ ОДВРАТНИ, КАЖА БОКИ 13 НА СУДЕЊЕТОЗа Јанева рече дека е народна жена, исклучително чесна и непристрасна. - Обвинителката Вилма Русковска на денешното судење за „Рекет“ (Фото: СДК.МК)

    Во Кривичниот суд продолжува одбраната на првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13. Тој зборува за неговиот односи со второобвинетата Катица Јанева, како и со обвинителката Вилма Русковска, која го покрена обвинението против двајцата.

    „Со Катица Јанева се познавам од 13 септември 2018 година, јас ја побарав, сакав да гостува во „1ТВ“. Отидов на средба во СЈО. Љубезно ме сослуша, но ме одби да гостува за да ја раскаже нејзината животна приказна. Во разговор за децата, ми кажа дека син ѝ Лазар, кој е на постдипломски правни студии, не е вработен. Ѝ реков дека бараме таков правник. Тој почна набргу да работи, прв доаѓаше, последен си одеше. Редок професионалец”, кажа Јовановски за синот на Катица Јанева, кој беше во судницата зад мајка му.

    За Јанева рече дека е народна жена, исклучително чесна и непристрасна.

    „Со неа зборував за семејни, за љубовни работи. Зборувавме за мојата сексуална определеност, зашто таа е човек без никакви предрасуди“, вели Боки 13.

    „Овој предмет е направен за спас на Јордан Камчев, за рушење на Специјалното јавно обвинителство, зашто им сметаше и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ“, додаде тој.

    Јовановски пак се врати на мобилниот телефон кој не му е вештачен.

    „Таму се кријат многу докази не само за овој предмет, а јас ништо не сум избришал“, викаше Јовановски во судница.

    „Ако зборам со некој за мода, килажа и за семејство, не значи дека сум влијаел врз истраги. Како може цивил, обичен човек да има влијание да врши истраги, ма немој! Ниту сум политичар, ниту претседател, како можам да влијаам врз оваа силна жена. Таа беше Специјален обвинител. Ви кажав, за тоа што има во ‘Империја’, што предмет е тоа, дознав тука на затворениот дел од судењево”, сведочи Боки 13.

    „Обавезно пушти новинар, овој ми е одвратен, мора да го снимате”, ми пишуваше на ватсап Русковска за експретседателот на Судскиот совет.

    „Ја прашувам во друг разговор за рејтингот на Јанева. Русковска имаше таков отворен анимозитет кон второобвинетата Јанева! Тоа таа го претвори во злочин, покренувајќи го ова обвинение за овој измислен случај.

    Следува блокот прашања за осудениот Зоран Милески – Кичевскиот, кој призна вина во “Рекет”.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира