СЀ Е ПОД КОНТРОЛА, МУ РЕКОЛ ЧАВКОВ НА НУХИУ ПОПЛАДНЕТО НА 27 АПРИЛ И СЕ ИСКЛУЧИЛ

    СЀ Е ПОД КОНТРОЛА, МУ РЕКОЛ ЧАВКОВ НА НУХИУ ПОПЛАДНЕТО НА 27 АПРИЛ И СЕ ИСКЛУЧИЛПоранешниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу не можел да оствари комуникација со Чавков до 20,07 часот на 27 април. - Чавков и Нухиу на одбележувањето на Денот на полиција 7 мај (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Биро за јавна безбедност и раководител на Оперативниот штаб Митко Чавков му одговорил на тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу дека сè е под контрола, откако од министерот му било сугерирано дека ситуацијата во Собранието може да ескалира попладнето на 27 април, покажа извештајот на Работната група на МВР. Откако ескалирала ситуацијата, министерот Нухиу не можел да оствари телефонска комуникација со Чавков сѐ до доаѓањето на директорот на БЈБ во Оперативниот штаб во 20,07 часот.

    „Министерот за внатрешни работи во 17,59 часот преку СМС комуникација го предупредил раководителот на Оперативниот штаб во МВР, дека состојбата во Собранието на Р Македонија може да ескалира. Повратно од страна на раководителот на Оперативниот штаб во МВР преку СМС комуникација бил известен дека состојбата е под контрола. Откако Министерот за внатрешни работи добил информација дека состојбата во Собранието на РМ ескалираат и се упатил кон Оперативниот Штаб се обидел да оствари телефонска комуникација со раководителот на Оперативниот Штаб, која не е остварена, односно прекината е секаква комуникација се до пристигувањето на Раководителот на Оперативниот Штаб во Штабот на МВР. По пристигнување на Министерот за внатрешни работи во Оперативниот Штаб на МВР, барал веднаш да се преземат сите неопходни мерки и активности, вклучувајќи и брза евакуација на пратениците, но не се преземени адекватни активности согласно дадените насоки од страна на Министерот, се до доаѓање на Раководителот на Оперативниот Штаб во 20,07 часот“, се вели во извештајот на Работната група, формирана на 3 мај од поранешниот министер Агим Нухиу, да ги расчисти настаните од 27 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира