САД ДОНИРАА 400 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА КОВИД ВАКЦИНАЦИЈА

    САД ДОНИРАА 400 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА КОВИД ВАКЦИНАЦИЈАОд денешната средба на министерот Венко Филипче со висока американска делегација. (Фото: Министерство за здравство)

    САД денеска на Македонија ѝ донираa 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација и имунизација, за справување со кризата од ковид-19, објави Министерството за здравство.

    Министерот Венко Филипче денес разговарал со висока делегација од американската сојузна држава Вермонт, што ја предводи заменик-гувернерката Моли Греј, командантот на Националната гарда генерал-мајор Грегори Најт, кои се во официјална посета на земјава,  како и со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

    „На состанокот, министерот Филипче со заменик-гувернерката Греј говореа за иницијатива за започнување соработка со Универзитетот Вермонт во областа на медицината. Министерот предложи да се обезбеди програма за едукација на нашите студенти од последна година на Медицински факултет на реномираниот Универзитет Вермонт од САД. Во насока на едукацијата, студентите би можеле да следат настава, а воедно и стручни лица од Универзитетот да доаѓаат во нашата држава и да реализираат обука на наши лекари и медицински лица“, вели Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира