САД И НАТО РАЗБИРААТ ДЕКА МОРАМЕ ДА КУПИМЕ ВАКЦИНИ ОД КИНА, РЕЧЕ ЗАЕВ

    САД И НАТО РАЗБИРААТ ДЕКА МОРАМЕ ДА КУПИМЕ ВАКЦИНИ ОД КИНА, РЕЧЕ ЗАЕВЗаев кажа дека оваа недела ќе се заокружи постапката и до 15 февруари ќе добиеме и кинески вакцини.(Фото:Влада)

    Кинеските вакцини во земјата ќе стасаат кон средината на месецов, кажа премиерот Зоран Заев објаснувајќи дека во тек се постапките за нивната набавка и испорака. Заев вели дека тоа што земјава ќе купува вакцини од Кина нема да ги наруши односите со нашите стратешки партнери .

    „Сакам да потврдам дека имавме разговори со нашите стратешки партнери, со НАТО и Вашингтон и утврдивме дека набавката на вакцините од Кина не е геополитичко прашање, туку суверено право на секоја држава. Правиме обиди да набавиме вакцини од секаде каде што ни се достапни. Оваа недела ќе се заокружи постапката за негде од 10 до 15 февруари да добиеме и кинески вакцини. Во самата постапка ќе ја следиме компетативноста, за да добиеме поповолни услови, а обезбедивме и домашен партнер за спроведување на постапката, тоа е компанијата ‘Алкалоид‘’, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на промоција на проекти за домување на Ромите.

    Заев кажа дека први во земјава ќе стигнат вакцините од „Фајзер“ кои ги обезбеди Србија. Деновиве Министерството за здравство треба да добие писмена потврда од компанијата, за да можат 8.000 вакцини од Србија веднаш да бидат испорачани и со нив да почне вакцинацијата кај медицинските работници.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира