Од 6.000 пријавени за вакцинирање против ковид-19 од Гостиварскиот Регион, само 1.500 се во првата група над 70 години, кажа министерот Венко Филипче и апелираше до матичните лекари да ги пријавуваат поажурно своите пациенти со хронични болести од оваа група зашто тие ќе бидат првите за вакцинација веднаш после здравствените работници. Филипче, кој денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на модуларниот Ковид-центар во Гостиварската болница, рече дека во моментов состојбата во градот е стабилна, со 10 хоспитализирани пациенти, но тоа не значи дека граѓаните треба да се опуштат зашто забрзано се шири британскиот сој на кронавирусот.
Околу 40 лекари и сестри од Гостиварската болница досега се вакцинирани против ковид-19.
Модулариот Ковид-центар има 35 кревети, комплетно е опремен, а персоналот ќе се ротира од Инфективното одделение во болницата.
Филипче најави и дека наредниве месеци болницата, која опслужува околу 200.000 жители од регионот, ќе добие и апарат за магнетна резонанца со што пациентите нема да треба за тоа да патуваат во Скопје.