Сашо Тасевски e нов директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) во Министерството за внатрешни работи, соопшти Владата која на денешната седница го прифатила предлогот на министерот за внатрешни работи за негово именување на оваа функција.
Тасевски, кој e магистер по безбедност и докторанд на Факултетот за безбедност, јавноста го запозна лани на 27 април, кога за време на организираниот напад на Собранието со храбрата професионална реакција успеа да ги заштити нападнатите пратеници меѓу кои и Зоран Заев, и да спречи некој да загине. Тасевски во Собранието тогаш беше како обезбедување на тогашниот технички министер Оливер Спасовски.
Тој Во МВР работи од 2001, а за директор на БЈБ доаѓа од местото раковдител на Управата за обезбедување личности и објекти на МВР.Досега работел како обезбедување кај поранешниот претседател Бранко Црвенковски, а на почетокот на кариерата бил дел од единицата за специјални задачи „Тигар“.
Владата на минатата седница пред 2 недели го разреши претходниот директо на БЈБ Лазо Велковски поради тоа што со службениот џип била одвезена неговата ќерка на одмор во Грција.
Директорот на БЈБ, на предлог на министерот за внатрешни работи, го именува и го разрешува Владата, а мандатот е четири години. БЈБ е орган во состав на Министерството за внатрешни работи што ги врши полициските работи во Министерството и чија организација и надлежност е уредена со Законот за полиција.