СДСМ И ДПА ВО СОБРАНИЕТО ПОБАРАА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЖРТВИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СДСМ И ДПА ВО СОБРАНИЕТО ПОБАРАА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЖРТВИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО

    СДСМ и ДПА побараа кривична одговорност од надлежните за 22 жртви од невремето што го зафати скопскиот регион на 6 август.

    Пратеникот на СДСМ Благоја Стојановски, кој на денешната вонредна седница на законодавниот дом ги образложи мерките што ги предлага опозицијата рече дека носителите на власта имаат кривична и секакаква друга одговорност затоа што „дозволија еден неколкучасовен дожд да направи таква катастрофа со 22 загинати“.

    Беким Фазлиу од ДПА побара кривична, морална и политичка одговорност од власта.

    СДСМ бара од утре, до крајот на иднава недела, Владата да им исплати прва рата парична помош на поплавените жители на Гази Баба, а која би изнесувала по 50 евра од метар квадратен поплавена површина.

    Премиерот Емил Димитриев не е присутен на седницата на Собранието. Наместо него, вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров рече дека ваква природна катастрофа не се случила во Скопје од 1963 година. Тој им се заблагодари на сите кои помогнале во санирање на штетите од поплавите и кои деноноќно им помагаат на настраданите, вклучително и на СДСМ и на волонтерите.

    Вицепремиерот Тодоров не им се зблагодари на соседните држави и на другите земји од странство кои испратија помош за поплавените.

    Утринава Тодоров информираше дека Владата целосно ќе ги обесштети настраданите во поплавите. Тој најави дека од буџетот ќе се покрива и партиципацијата на сите здравствени услуги на сите нивоа во зафатените подрачја, ослободување на домаќинствата од плаќање месечни издатоци за вода и ѓубретарина во период од три месеци, еднократна парична помош за набавка на училишен прибор за сите деца во основно образование од кризните региони.

    Седницата е на барање на опозициската СДСМ. Барањето го поддржа и ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари