Според официјалните, но не и конечни резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК) во вториот круг на изборите за градоначалник победија кандидатите на СДСМ во двете соседни општини на Велес, Градско и Чашка, и тоа со убедлива предност.
Во Општина Градско по 17 години владеење на ВМРО -ДПМНЕ доаѓа СДСМ на власт, победи Роберт Бешовски со 53,51% додека Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ освои 43,22%. На 11 избирачки места излегле 72% од 3.152 запишани граѓани. Има 74 неважечки ливчиња.
Во Општина Чашка победи Горан Стојановски од СДСМ со 69,58% додека Горанчо Пановски од Народното движење за Македонија, досегашен градоначалник во два мандати од ВМРО-ДПМНЕ, има 27,49% . На 31 избирачко место излегле да гласаат 53,86% од запишани 6.017 граѓани со право на глас. Има 94 неважечки ливчиња.
П. ПЕЧКОВ