СДСМ ПО 17 ГОДИНИ ДОБИ ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ГРАДСКО, А ПОБЕДИ И ВО ЧАШКА

    СДСМ ПО 17 ГОДИНИ ДОБИ ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ГРАДСКО, А ПОБЕДИ И ВО ЧАШКАВо Општина Градско СДСМ доаѓа на власт по 17 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ; - од партиската прослава на изборните победа во Велес (Фото: СДК.МК)

    Според официјалните, но не и конечни резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК) во вториот круг на изборите за градоначалник победија кандидатите на СДСМ во двете соседни општини на Велес, Градско и Чашка, и тоа со убедлива предност.

    Во Општина Градско по 17 години владеење на ВМРО -ДПМНЕ доаѓа СДСМ на власт, победи Роберт Бешовски со 53,51% додека Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ освои 43,22%. На 11 избирачки места излегле 72% од 3.152 запишани граѓани. Има 74 неважечки ливчиња.

    Во Општина Чашка победи Горан Стојановски од СДСМ со 69,58% додека Горанчо Пановски од Народното движење за Македонија, досегашен градоначалник во два мандати од ВМРО-ДПМНЕ, има 27,49% . На 31 избирачко место излегле да гласаат 53,86% од запишани 6.017 граѓани со право на глас. Има 94 неважечки ливчиња.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари