СЕ ОТВОРИ ЛИНИЈА И ЗА ПСИХОЛОШКА ПОМОШ НА ОСНОВЦИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

    СЕ ОТВОРИ ЛИНИЈА И ЗА ПСИХОЛОШКА ПОМОШ НА ОСНОВЦИ И СРЕДНОШКОЛЦИДецата од предучилишна возраст, основците, средношколците досега можеа да се движат од 12 до 21 часот, а отсега само 4 часа, т.е. од 12 до 16 часот дење. (Фото: СДК.МК)

    Во соработка со Министерството за здравство и со Универзитетската клиника за психијатрија, УНИЦЕФ денеска отвори две нови телефонски линии за поддршка на менталното здравје и психо-социјална поддршка на тинејџерите и на нивните родители и на родителите на деца со попреченост погодени од кризата со КОВИД-19.

    Телефонската линија 078 378 728 за помош на тинејџерите и на нивните родители и телефонската линија 070 291 574 за помош на родители на деца со попреченост ќе работат од 9:00 до 16:00 ч. секој работен ден.

    Телефонската линија 072 912 676 за помош на деца на училишна возраст и на родители на деца на предучилишна и училишна возраст ќе работи од 9:00 до 19:00 ч. секој работен ден.

    Ова е дополнителна поддршка на веќе воспоставената телефонска линија на Клиниката за психијатрија за родителите на децата од предучилишна и училишна возраст, која сега е отворена и за самите деца на училишна возраст.

    „Сакаме да ги охрабриме родителите и децата да разговараат за сите прашања и проблеми. Нормално е тие да имаат различни реакции на КОВИД-19 како што е нормално да се борат да го задржат чувството на нормалност дома. Во оваа ситуација, децата и тинејџерите може да се чувствуваат тажно, изолирано, па дури и луто. Со телефонските линии ќе им се понуди поддршка на родителите околу олеснување на продолжениот стрес и ќе им се помогне на децата и тинејџерите да изградат издржливост за снаоѓање во стресни ситуации, особено сега кога им е сменета секојдневната рутина и мораат да останат дома“ , вели Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.

    Главната цел на новите услуги е да се обезбеди советување и поддршка за да се спречат второстепени ефекти од епидемијата, како што се запоставување на децата, недостаток на родителска грижа и поголема изложеност на насилство во семејството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари