СÈ ПОМАЛКУ ИМА ЗАВАРУВАЧИ, АВТОМЕХАНИЧАРИ, ДРЖАВАТА ДАВА СТИПЕНДИИ ЗА ТРИГОДИШНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

    СÈ ПОМАЛКУ ИМА ЗАВАРУВАЧИ, АВТОМЕХАНИЧАРИ, ДРЖАВАТА ДАВА СТИПЕНДИИ ЗА ТРИГОДИШНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕЦаровска денес го посети „Ѓорѓи Наумов“, едно од најголемите средни училишта во Битола. (Фото: МОН)

    На пазарот на трудот има недостаток на кадри со завршено тригодишно образование како што се заварувачи, автомеханичари и друг вид на работници. До Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, каде постои паралелка за тригодишно образование, секојдневно стигаат барања од фирми за вработување на ваков квалификуван кадар, но тие не можат да испорачаат поголем број на завршени средношколци. За да се зголеми бројот неопходно е да се мотивираат што повеќе ученици да го продолжат образованието на ваквите тригодишни занимања.

    „Ние можеме да одговориме во целост за да ги образоваме, оти училиштето е подготвено со машинска работилница која може да ја покрие комплетно практичната настава. Ние од тука вадиме ученици кои се директно подготвени да влезат во пазарот на трудот. До нас постојано доаѓаат барања од фирмите на градот кои бараат веднаш да вработат по 10 до 15 ученици, но за жал, го немаме тој капацитет. Мора да се најде начин за мотиварање на учениците да учат во тригодишното образование, дали во облик на реформи или стипендии. Тригодишното образование не е нешто од кое треба да се срамат, со тоа ќе си го обезбедат животот за во иднина, вработувањата им се обезбедени, а потоа можат да се надоградуваат и во четиригодишно образование“, рече Владимир Роме, директор на СОТУ „Ѓорги Наумов“.

    Ова е едно од најголемите средни училишта во Битола, брои 825 ученици, во негови рамки функционираат и четиригодишни паралеки од електро и машински струки. Годинава тригодишното образование е стипендирано од Министерството за за образование и наука (МОН).

    „Министерството годинава без да го проценува успехот на учениците запишани во тригодишните паралелки дозволи секој ученик да добива по 3.500 денари месечно како мотивација, а во дадени општини се склучија и договори со компании кои ги стипендираат овие ученици“, рече минстерката за образование Мила Царовска.

    Во Битола, за жал, компаниите повеќе бараат готов кадар, а малку сакаат да го стипендираат тригодишното стручно образование.

    Во „Ѓорги Наумов“ во изминатите четири години беа вложени над 400.000 евра за подобрување на  условите во образованието, од кои над 270.000 евра се директни средства од буџетот на Општина Битола.

    Догодина ќе се реновира фасадата со средства од Министерството за образование.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира