СЕ ВРАТИ ДАМЕВА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛKA, ХОЛАНДИЈА ГО ПРОДОЛЖИ ПРЕКИНАТИОТ ПРОЕКТ СО СУДСКИОТ СОВЕТ

    СЕ ВРАТИ ДАМЕВА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛKA, ХОЛАНДИЈА ГО ПРОДОЛЖИ ПРЕКИНАТИОТ ПРОЕКТ СО СУДСКИОТ СОВЕТПроектот беше прекинат по пучот што беше направен во Советот под водство на членот Селим Адеми и групата околу него и незаконското разрешување на Весна Дамева во мај (Фото:Судски совет)

    Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска лично од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп била известена дека Холандија го продолжува замрзнатиот проект МАТРА со Советот.

    Проектот беше прекинат по пучот што беше направен во Советот под водство на членот Селим Адеми и групата околу него и незаконското разрешување на Весна Дамева во мај.

    „Претседателката се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп, на која ѝ беше предадено известување за обновениот проект ‘Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Северна Македонија’, финансиран од Владата на Холандија, кој е од особено значење за Судскиот совет. Проектот беше ставен во мирување во мај 2023 година.

    Претседателката Дамева изрази искрена благодарност за заложбите на амбасадорот Коп и Владата на Кралството Холандија, кои во исклучително краток период го обновија овој клучен проект за Советот, а воедно изрази благодарност и за дадената доверба и поддршка“, соопшти Судскиот совет.

    Амбасадорот Коп кажал дека ќе продолжи блиската соработка на Холандската амбасада со Судскиот совет, посакал успешна имплементација на проектните активности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира