СЕАД КОЧАН ДОНЕСЕН СО ПОЛИЦИЈА ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“, ПОЧНА ДА ЈА ОТСЛУЖУВА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ОД 4,8 ГОДИНИ

    СЕАД КОЧАН ДОНЕСЕН СО ПОЛИЦИЈА ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“, ПОЧНА ДА ЈА ОТСЛУЖУВА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ОД 4,8 ГОДИНИДоцна вечерва, непосредно пред Кочан да биде однесен во „Идризово“, Основниот суд Скопје 1 соопшти дека му е одбиено и дополнителното трето барање за неодење во затвор и оти судот издал наредба за негово стражарно приведување. (Фото: СДК.МК)

    Припадници на полицијата во 23 часот вечерва го предале осудениот бизнисмен Сеад Кочан на управата на Казнено-поправната установа „Идризово“, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР. Кочан е осуден на 4 години и 8 месеци затвор за незаконско учество и победа на тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаловина, во вредност од 17 милиони евра, во случајот „Труст” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

    Бидејќи не сакал доброволно да се јави, туку по третпат се обидел да добие одложување на казната со лекарски мненија од една од најголемите приватни клиники во Скопје, Кочан бил приведен со полиција.

    Доцна вечерва, непосредно пред Кочан да биде однесен во „Идризово“,  Основниот суд Скопје 1 соопшти дека му е одбиено и дополнителното трето барање за неодење во затвор и оти судот издал наредба за негово стражарно приведување.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари