СЕДУМ ДОЖИВОТНИ И 26 ДОЛГОГОДИШНИ КАЗНИ ЗАТВОР ДОБИЈА ОБВИНЕТИТЕ ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“

    СЕДУМ ДОЖИВОТНИ И 26 ДОЛГОГОДИШНИ КАЗНИ ЗАТВОР ДОБИЈА ОБВИНЕТИТЕ ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“Судијката ги острани од судницата повеќето од обвинетите кои правеа неред, по што беа прочитани пресудите Фото: Г. Личовски)

    Судот на обвинетите за настаните на 9 и 10 мај, 2015 во кумановската населба Диво насеље во кои загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, одреди седум доживотни казни затвор, 13 до 40 години, шест по 20 години, една 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години и четири ослободителни пресуди.

    Денешното рочиште помина во тензична атмосфера. Пред да бидат прочитани пресудите, обвинетите станаа од своите места и почнаа да ја пеат албанската химна, да викаат УЧК, УЧК, да упатуваат закани дека крвтта на убиените нема да остане неказнета, дека во Македонија нема да има мир.

    Судијката ги острани од судницата повеќето од обвинетите кои правеа неред, по што беа прочитани пресудите.

    На 9 и 10 мај 2015 година, во кумановската Диво насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во судирот загинаа осум специјалци на МВР, додека 40-тина беа тешко повредени. Убиени беа десет лица од вооружената група.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира