СЕСТРА МИ И МАЈКАТА НА МОЈАТА СОПРУГА СЕ ПОВЛЕКОА ОД РАБОТНИТЕ МЕСТА ИАКО НЕМА НЕПОТИЗАМ, ВЕЛИ КИРАЦОВСКИ

    СЕСТРА МИ И МАЈКАТА НА МОЈАТА СОПРУГА СЕ ПОВЛЕКОА ОД РАБОТНИТЕ МЕСТА ИАКО НЕМА НЕПОТИЗАМ, ВЕЛИ КИРАЦОВСКИКирацовски денеска на својот Фејсбук профил напиша дека побарал повлекување на неговите роднини и тие тоа го сториле. - Кирацовски на прес-конференција по завршување на првиот круг од претседателските избори. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сестрата на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски и мајката на неговата сопруга се повлекоа од работните места за кои Антикорупциската комисија оцени дека имало непотизам при вработувањето.

    Кирацовски денеска на својот Фејсбук профил напиша дека побарал повлекување на неговите роднини и тие тоа го сториле иако смета дека немало непотизам при вработувањето.

    „Побарав повлекување на моите роднини од работните места за кои Државната комисија за спречување корупција наоѓа некакви индиции, иако немам право на тоа, затоа што никако не сум влијаел за нивните вработувања. Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја, како нивна лична одлука“, напиша на Фејсбук профилот Кирацовски.

    Таткото на сопругата на Кирацовски, Борис Поповски, претходно се повлече од работното место алатничар во РЕК Битола.

    Антикорупциската комисијата вчера кажа дека за сестра му Мирјана Јосифовска, вработена во Централен регистар, непосредно пред да се објави огласот, оваа институција направила систематизација на работните места и го зголемила бројот на советници за дистрибуција на информатички податоци од два на три, а како услов за вработување било наведено дека се бараат лица со завршен Факултет по географија. Сите останатите кандидати кои се пријавиле биле дисквалификувани поради несоодветно образование. По вработувањето, Јосифовска била испратена да работи во одделението во Битола каде што и живее, па Антикорупциска ќе побара да се утврди дали директорката на Централен регистер ја злоупотребила службената положба.

    За Мери Поповска, мајка на сопругата на Кирацоски е вработена со непотизам, Антикорупциска утврди дека мајката на сопругата на Кирацоски била вработена во училишниот дом „Мирка Гинова“ во Битола како технички секретар на работно место кое било креирано непосредно пред да биде објавен огласот и за тоа ќе биде известена Владата, како основач на институцијата.

    За Борче Поповски, татко на сопругата на Кирацоски, ангажиран во РЕК Битола, Антикорупциска побара да се утврди одговорност од генералниот директор на РЕК Битола за што ќе ја информира Владата, бидејќи требало да објави оглас, а не да ангажира лица преку Агенција за привремени вработувања.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари