СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА Е ЧЛЕНКА НА ЕУ ЗА СТАБИЛЕН ЗАПАДЕН БАЛКАН, ОПТИМИСТ СУМ ЗА НАОЃАЊЕ РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОТ, РЕЧЕ ПЕТКОВ

    СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА Е ЧЛЕНКА НА ЕУ ЗА СТАБИЛЕН ЗАПАДЕН БАЛКАН, ОПТИМИСТ СУМ ЗА НАОЃАЊЕ РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОТ, РЕЧЕ ПЕТКОВПосле денешната средба со шефови на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО, Петков кажа со премиерот Димитар Ковачевски работат многу фокусирано на исполнување на одредници кои си ги поставиле и се надева во брзо време ќе има резултати.(Фото: Влада)

    Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека е оптимист за наоѓање решение за спорот со Северна Македонија и поради кој Бугарија го блокира почетокот на преговорите на земјава со Европската унија. Одговарајќи на новинарско прашање после денешната средба со шефови на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО, Петков кажа дека со премиерот Димитар Ковачевски работат многу фокусирано на исполнување на одредници кои си ги поставиле и се надева во брзо време ќе има резултати.

    Северна Македонија припаѓа на семејството на ЕУ и нашата Влада сака да го постигне овој резултат што побрзо. Се надевам дека наскоро тоа ќе го сториме. Нашиот однос многу се подобри во изминативе 3 месеци оти многу зборуваме, се координираме и имаме една заедничка цел. Кризата што ја имаме поради војната во Украина покажа дека Западен Балкан треба да биде што е можно постабилен, а добар дел од патот кон оваа стабилност е токму пристапувањето на Северна Македонија и Албанија кој ЕУ. Се надевам дека во следните неколку недели ќе забрзаме, имаме и добри вести од средбите меѓу министерствата и од историската комисијата. Некои работи кои беа тешки да се надминат сега изгледаат како да имаат реални можности за надминување. Оптимист сум за целиот процес, оптимист сум дека ќе постигнеме сè што зацртавме со Димитар што е можно побрзо“, рече Петков.

    Премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Република Бугарија Кирил Петков, на Република Романија Николае Чука и на Република Црна Гора Здравко Кривокапиќ денеска во Софија разговараа за координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира