ШАРЕН ПРОТЕСТ ПРОТИВ „МВР ПРОДУКЦИЈА“ И ПРИТВОРОТ ЗА ДЕМОНСТРАНТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕН ПРОТЕСТ ПРОТИВ „МВР ПРОДУКЦИЈА“ И ПРИТВОРОТ ЗА ДЕМОНСТРАНТИТЕ

    Антивладиниот протест во Скопје вчера беше помалку масовен од претходните денови, но антивладините демонстранти беа погневни поради куќниот притвор што им беше одреден на двајца членови на „Левица“ и поради ослободувањето од притвор на уште двајца осомничени од Специјалното обвинителство за случајот „Транспортер„ во Битола.

    Обоено и Министерството за правда како одговор на селективната правда на судовите (Фото: СДК.МК)

    Обоено и Министерството за правда како одговор на селективната правда на судовите (Фото: СДК.МК)

    Додека двајцата членови на партијата „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски остануваат во куќен притвор, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје синоќа соопшти дека ослободил од притвор и двајца осомничени во случајот „Транспортер“. Наместо мерката притвор, што им ја одреди судијата на претходна постапка, Кривичниот совет им определил мерки за обезбедување присуство.

    Протестот почна со шарање на фасадата на Министерството за правда. А потоа се фрлаа балони со боја и на канцеларијата на Претседателот Ѓорѓе Иванов во Центар. Таму неколкумиина запалија и слики на Иванов, алудираајќи на обвиненијата со кои двајцата активисти на „Левица“ се држат во притвор додека други осомничени криминалци што краделе државни пари се ослободуваат.

    Пред канцеларијата за односи со граѓаните што кога почна Шарената револуција пред две недели беше демолирана, демонстрантите вчера викаа: „Апсете, снимајте, не се плашиме“. Заменикот министерот за внатрешни работи Митко Чавков, кој се закани дека полицијата ги снима протестите го поздравија: „Поздрав до заменик – министерот Митко Чавков кој снима и МВР продукција“.

    Потоа продолжија кон Собранието, каде што организаторите ги повикаа неутралните да се приклучат и потсетија дека тоа треба да го направат поради случајот на Тамара од Велес, поради родилките кои починаа во болници, поради случајот на новинарот Томислав Кежаровски и многу други.

    Невообичаено, пред Владата немаше многу полиција, па демонстрантите се збунија. Мислеа дека Чавков им направил замка и дека ги провоцира за да ја пробијат оградата и да влезат во Владата, па за да избегнат провокација брзо се разотидоа.

    Шарените револуционери во Скопје вчера беа најопремени. Место само со балони боја, како досега, тие синоќа дојдоа со цели канти поликолор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари