ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА НАЈАВУВА МАСОВЕН ПРОТЕСТ ЗА СПАС НА СЈО В ПОНЕДЕЛНИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА НАЈАВУВА МАСОВЕН ПРОТЕСТ ЗА СПАС НА СЈО В ПОНЕДЕЛНИК

    В понеделник 20 јуни Шарената револуција револуција најавува масовен протест пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во 19 часот. Масовниот протест демонстрантите го најавија откако вчера Уставен суд не стави на дневен ред точка за утврдување на уставноста на СЈО, едно од двете итни барања на Шарената револуција. Не е исполнети и другото барање, сопирањето на прогонот на демонстрантите.
    „На оваа корумпирана и криминална власт и дадовме и повеќе од доволно време да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат е како побрзо да избегаат од правдата.
    Специјалното јавно обвинителство е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано. После денешната одлука на Уставниот суд да не го стави СЈО на дневен ред ниту за следната своја седница, очигледно е дека Груевски и неговите соработници се обидуваат да го укинат СЈО кога најмалку ќе очекуваме“, велат шарените и нагласуваат дека како сите имаат обврска да го спасат СЈО од криминалците на власт.
    Иако прогонот врз демонстрантите продолжува, Шарената револуција верува дека граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце.
    „Институциите што треба да не’ бранат нас граѓаните всушност ги бранат само криминалите на владеачката партија. Не може да има правда во државата, кога режимот врши прогон врз оние кои се борат за слобода, правда и еднаквост“, велат од Шарената револуција.
    Тие уште еднаш потсетуваат истиот , како што велат, партизиран кој му даде право на Иванов да помилува криминалци, повторно се заканува на СЈО.
    „Доста беше драги сограѓани, на Груевски му е дојден крајот! Потребно е уште малку да го притиснеме! Да бидеме сплотени и здружени како никогаш порано! Да му ставиме крај на ова црно зло што ни ја уништува државата! Граѓаните доаѓаат правдата и демократијата да ја земат во своите раце! Смрт за фашизмот, слобода на народот!“, повика Шарената револуција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари