ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА СО ГЕРИЛА АКЦИЈА, ШАРЕН МОСТОТ ПРЕД УСТАВЕН СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА СО ГЕРИЛА АКЦИЈА, ШАРЕН МОСТОТ ПРЕД УСТАВЕН СУД

    Вечерва Шарената револуција одбројуваше од мостот „Око“ кој води кон влезот на Уставен суд. Во близина на окото на мостот со ваљаци нацртаа голема шестка, со која сакаат да потсетат дека остануваат уште шест дена до крајниот рок за исполнување на нивните барања. Го напишаа и датумот 18. 06 на плочникот на мостот, а фрлија и неколку балони со боја на подот и на дел од оградата па мостот сега е шарен.

    „Денес одбројуваме од мостот ‘Око’ и упатуваме граѓански поглед на излезот од кризата. Излез од кризата не може да има ако нема правда, а правда нема да има ако нема Специјално јавно обвинителство и ако нашите соборци и понатаму се под прогон.
    Одбројуваме уште шест дена до 18 јуни!“, напиша Шарената револуција на Фејсбук страната.

    Тие бараат итно произнесување на Уставниот суд по уставоста на СЈО, запирање на прогонот на демонстрантите што вклучува ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму, повлекување на пријавите од МВР за сите останати демонстранти и престанок на сите форми на притисок врз слободните граѓан(к)и кои го искажуваат својот револт. Останатит барања се оставка од актуелната влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори, формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија и оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари