ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ НА БОЈКОТ ДОДЕКА УСТАВЕН СЕ ИЗЈАСНИ ЗА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"сКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ НА БОЈКОТ ДОДЕКА УСТАВЕН СЕ ИЗЈАСНИ ЗА СЈО

    Шарената револуција испрати јавно обраќање до пратениците во Собранието на Република Македонија. Ги повикаа да помогнат во заштитата на Специјално јавно обвинителство, институција која Парламентот ја изгласа без ниту еден глас против.
    „Пратеници, за да покажете дека стоите во одбрана на правдата, суверенитетот на граѓаните и Уставот, од вас бараме да не учествувате во работата на Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и се додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза, во улога на набљудувачи, извествувачи за јавност и консултанти“ стои во јавното обраќање.
    Шарените повикаа пратениците итно да дејствуваат и им порачаа да ја погледнат бојата врз зградата на Собранието на Република Македонија која е порака и повик до нив да се одважат и да дејствуваат одговорно.
    Во јаното обраќање потсетуваат и на барањата. Тие бараат целосно запирање на прогонот врз демонстрантите, оставка од актуелната влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори, формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија и оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари