ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО МИЛИЈАРДА ПРИЧИНИ ЗА ПРОТЕСТ ТРГНА КОН МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО МИЛИЈАРДА ПРИЧИНИ ЗА ПРОТЕСТ ТРГНА КОН МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

    Со пораката „1.1 милијарди причини за крај“ на централниот транспарент Шарената револуција го почна протестот. Демонстрантите морно маршираат по улицата покрај поранешна Нова Македонија. Ќе се обидат да стигнат до Министерството за финансии каде што сакаат да ги пренесат пораките против задолжувањето.

    „Бараме оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада која нема безобразно да не` задолжува, туку ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори“, порача денес граѓанско движење Шарена револуција.

    Мото на вечерашниот протест е „Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте“. Антивадините демонстранти протестираат против одлуката на Владата да се задолжи кај комерцијалните банки со еврообврзница од 650 милиони евра.

    „Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално“, стоеше во повикот за протестот.

    Одуката на Владата за задолжување беше објавена во петокот, а викендов веб страницата Јавен долг, објави линк до граѓанска петиција “Не за еврообврзницата”, со која се повикуваат сите одговорни граѓани на Македонија, да се потпишат дека не ја признаваат еврообврзницата од 650 милиони евра.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари